– Николо Ѕаниоло може да ја тужи Рома. Според „Ил Месаџеро“ фудбалерот и неговите застапници размислуваат да одат на суд во врска со суспензијата од тимот до крајот на сезоната.
Ѕаниоло сака да ја тужи Рома за „малтретирање и психолошки притисок“ што следеше по неговата одлука да поднесе барање за трансфер.
Очекувано, суспендираниот Николо редовно ќе посетува индивидуални тренинзи, иако вчерашниот тимски тренинг го пропушти без дозвола на Рома.
Да потсетиме, фудбалерот за време на јануарскиот преоден рок поднесе барање за трансфер од Рома, но клубот доби само една официјална понуда – од Борнмут.
Рома му постави ултиматум на играчот од средниот ред, или да се согласи на трансфер во англискиот клуб или да се соочи со ризик да биде суспендиран до крајот на неговиот договор, кој трае до летото 2024 година. Ѕаниоло го одби трансферот, а Рома го суспендираше.
Вечерта на 30 јануари тој се премисли и се согласи на трансфер во Борнмут, но тогаш премиерлигашот, кој потроши многу пари во зима, го одби договорот.