Американката Џеси Џејн, ѕвездата на филмовите за возрасни, почина на 43-годишна возраст, објави TMZ.
Порно актерката родена во Тексас, која се прослави во 2000-тите години, наводно била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Мур, Оклахома покрај нејзиното момче Брет Хасенмулер.
Според првите достапни информации, полицајците реагирале откако им се јавил менаџерот на Брет Хасенмулер и изразил загриженост за неговата благосостојба. Работодавецот наводно алармирал затоа што Брет Хасенмулер и Џеси Џејн веќе некое ги немало никаде, пишува TMZ.
Се уште не е јасно кога точно брачниот пар починал, а се шпекулира дека причината за смртта е предозирање. Конечните резултати од истрагата на медицинскиот преглед на државата Оклахома се уште се чекаат.
Џеси Џејн се прослави во порно индустријата пред повеќе од 20 години, а првиот голем договор го потпиша во 2002 година со компанијата Digital Playground.
Кариерата ја започна во мејнстрим индустријата за моделирање – учествуваше на натпревари за убавина и се појави во камео улога во ТВ серијата „Baywatch: Hawaiian Wedding“. Но, таа е најпозната по нејзината улога во филмот за возрасни „Pirates“ од 2005 година, кој беше снимен со буџет од еден милион долари и се смета за еден од најскапите филмови некогаш направени во порно индустријата.
Ѕвездата, чие вистинско име беше Синди Тејлор, работеше и за Playboy. Таа, исто така, се појави во бројни документарни филмови за порно индустријата, вклучувајќи го и оној на CNBC – „Porn: Business of Pleasure“.
Таа накратко се повлече од екранот во 2017 година, но се врати во 2019 година и објави многу успешна линија на секс играчки.
Во 2000 година таа роди син, а од 2005 до 2012 година беше во брак со Рич Тејлор.