Јавниот обвинител во Шпанија побара казна од две и пол години затвор за фудбалерот на Реал, Раул Асенсио, поради објавување видео на кое се прикажани неговите поранешни соиграчи и две девојки во сексуална врска.
Тројца поранешни соиграчи на ѕвездата на Реал имале сексуални односи со две девојки на Канарските Острови, а девојките дале согласност за чинот.
Сепак, едно од вмешаните лица го снимило сексуалниот однос, а снимката завршила јавно објавена без нивна согласност, што довело до скандал кој сè уште е необјаснет.
Целата ситуација е комплицирана од фактот дека девојките за кои станува збор во тоа време имале 16 и 17 години.
Асенсио не учествувал во целиот настан, но добил видео од своите соиграчи, кое го споделил со трети страни без согласност на девојките.
Обвинителството го покрена случајот по службена должност и бара две и пол години затвор за играчот на Реал.