Актерката Даниел Фишел објави дека има рак.
Ѕвездата на серијата од 1990-тите „Момчето го запознава светот“, Даније Фишел (43) објави дека има рак.
„Неодамна ми беше дијагностициран DCIS, што значи дуктален карцином in situ, што е форма на рак на дојка“, рече таа на нејзиниот подкаст. „Тоа беше откриено многу рано. Технички е нулта фаза“, ги увери таа обожавателите. “Ќе бидам добро. Ќе одам на операција за да го отстранам. Ќе имам и дополнителен третман. Морав да донесам многу одлуки во последните неколку дена”, рече таа.
Како што истакна актерката, на почетокот се плашела да ја сподели својата дијагноза со јавноста, но се одлучила на овој чекор за да го искористи својот пример за да ги поттикне другите повеќе да се грижат за своето здравје.