Ламар Одом повторно е во центарот на вниманието откако се појави во популарната ТВ серија
Познатиот НБА кошаркар Ламар Одом повторно е во центарот на вниманието. Во специјалната емисија на ТМЗ „Сексот, дрогата и Кардашијанс“, тој ја претстави својата верзија на приказната од 2015 година кога беше пронајден во несвест во бордел во Невада.
Тој тврди дека покојниот сопственик на споменатиот бордел Денис Хоф се обидел да го убие. Тој нагласи дека таа вечер не конзумирал дрога и дека нема поим како дрогата завршила во неговиот организам. Тој рече дека отишол во бордел таа вечер и испил една пијачка, а потоа се разбудил три дена подоцна во болница со цевчиња кои му штрчиле од телото.
Тој не можел ниту да оди ниту да зборува, а вели дека никогаш не дознал зошто Хоф се обидел да го убие. Во истата емисија тој зборуваше и за бракот со Клои Кардашијан за којa истакна дека е љубовта на неговиот живот и дека се кае за се што направил и дека би сакал повторно да ја види и да се смири со неа.
Одом имал турбулентен живот надвор од теренот, а сè опишал во својата автобиографија „Од темнината до светлината“, во која открил дека скоро се што заработил играјќи за бројни НБА тимови го потрошил на дрога и жени.
„Кога би требало да пресметам колку сум потрошил на дрога, тоа би било околу 100 милиони долари. Се случуваше да имам секс со шест различни жени неделно, секој пат без заштита. Морав да платам прилично голем број абортуси. Ми требаа овие жени, тие беа излез, не можев сам да се вратам дома“, изјави контроверзниот кошаркар.