На теренот Филип Шатрие во Париз, во тек е финалниот дуел на Ролан Гарос меѓу Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, кој на трибините привлече бројни познати личности.
Покрај бројните личности од светот на тенисот, посебно внимание на трибините привлекоа еден поранешен и еден сегашен фудбалер.
Златан Ибрахимовиќ, кој неодамна објави крај на кариерата, овој дуел го следи во друштво на ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.
И додека Мбапе не се знае за кого навива, нема сомнеж дека Златан посакува победа на Ѓоковиќ, кој има можност да испише историја.
Да потсетиме, Ѓоковиќ има шанса да ја освои рекордната 23. Грен слем титула, а може да стане и првиот тенисер во историјата кој најмалку три пати го освоил секој од четирите Грен слем турнири.
Имено, тој освои 10 титули на Австралија опен, седум пати на Вимблдон, три пати на УС Опен, додека Ролан Гарос освои титули во 2016 и 2021 година.