Јавниот превоз ќе функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д. директорот на ЈСП Скопје ја договориле.

Приватниците и Кушовски денеска одржале втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот.

Во меѓувреме, од ЈСП информираат дека ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван.