Јавното обвинителство информира дека двајца осомничени по одреден термин отишле на стоматолог и упатиле закани и уцени кон лекарот.
„Осомничениот му покажал на стоматологот видео клип со наводна компромитирачка содржина и барал 5.000 евра за да не го објави видеото. Во моментот кога стоматологот почнал да го снима разговорот, осомничениот го забележал и го зел телефонот, ја избришал снимката и насилно го отстранил стоматологот од ординацијата“, соопшти обвинителството.
„Јавниот обвинител поради сериозноста на инцидентот предложи на првоосомничениот да му се определат безбедносни мерки како привремено одземање на патната исправа, забрана за приближување или контакт со оштетениот, како и обврска за јавување пред надлежниот орган“, додаваат од обвинителството.
Во моментов се преземаат мерки за расчистување на идентитетот на второпријавениот.