Којзнае колку килограми се продаваат дневно.
Посебниот дух на Вимблдон и тенискиот спектакл е крунисан со долга традиција и ситници кои го опкружуваат целиот тениски спектакл. Тревната површина, бела облека… Но и јагоди со шлаг, кои се заштитен знак на овој грен слем комплекс.
Ова овошје е многу популарно во Лондон, не само за време на турнирот, таму секогаш можете да го видите испакнатиот дел со таа прекрасна црвена боја во супермаркетите.
На самиот Вимблдон, огромен штанд за јагоди е истакнат веќе на левата страна од влезот број 5.
Редиците се неверојатно долги, а бариерата е поставена како лавиринт сличен на оние на поголемите аеродроми.
Чекањата се многу долги, а оние кои имале искуство велат дека чекале половина час за да можат во рацете да имаат корпа со јагоди.
Цената на картонска кутија е 2,5 фунти или речиси три евра или околу 190 денари.
Внатре ќе најдете 10 претежно убаво одбрани и големи јагоди, а вкусот е навистина добар.
Слатки се и многу сочни, но кога ќе дојдете до делот на „шлагот“ дефинитивно нема да го добиете она што го очекувавте.
„Вимблдонскиот шлаг“, е дефинитивно некоја друга бела смеса што нема премногу сладок вкус и не е слична на тоа што ние сме навикнати да го јадеме како шлаг.
Има воденкаста структура и повеќе личи на еден вид млеко од соја отколку шлаг.
Се истура и за кратко време во неа ќе “запливаат” вашите јагоди.
Во секој случај, вкусот на јагодите е многу добар, а „кремот“ можете да го пробате, но нема да ве воодушеви.