Јадењето на овој зеленчук е најлесниот начин за намалување на крвниот притисок

Кога размислуваме за здравјето на срцето, честопати мислиме на болници, лекови и оддели за итни случаи. Но, кардиолозите нагласуваат дека малите, секојдневни навики исто така можат да имаат големо влијание – особено кога станува збор за намалување на крвниот притисок. Исхраната игра клучна улога и токму тука луѓето имаат најголема контрола.

„Одржувањето здрава исхрана може многу да помогне во контролата на крвниот притисок“, вели кардиологот д-р Ченг-Хан Чен за Параде.

Една храна особено се издвојува во препораките на експертите кога станува збор за регулирање на крвниот притисок – спанаќот.

„Спанаќот може да помогне во намалувањето на крвниот притисок благодарение на неговата висока содржина на нитрати, што помага во опуштањето на крвните садови“, објаснува д-р Чен.

Исто така е богат со калиум, кој, според нутриционистката Кетлин Гарсија-Бенсон, „помага во балансирањето на нивоата на натриум и дополнително го намалува притисокот врз крвните садови“. Заедно, овие две хранливи материи сочинуваат моќна комбинација за здравјето на срцето.

„Поентата не е само да се јаде спанаќ, туку редовно да се консумира разновиден зеленчук кој го поддржува здравјето на срцето“

Нутриционистката Мишел Рутенштајн нагласува дека ниедна поединечна храна не може да го реши проблемот со високиот крвен притисок, но спанаќот совршено се вклопува во здравата исхрана.

,,Целокупниот модел на исхраната е важен, а спанаќот дефинитивно е добар избор поради комбинацијата од нитрати и калиум“, вели таа.

Се препорачува да се консумира суров или варен спанаќ неколку пати неделно, без разлика дали е во салати, супи или сендвичи. Гарсија-Бенсон додава дека спанаќот лесно се вклопува во утринските оброци, како што се омлетите, па дури и смутијата.

Ако спанаќот не ви е по вкус, постојат и други опции – како кељ, блитва, рукола или цвекло.

„Не станува збор само за јадење спанаќ, туку за јадење разновиден зеленчук кој го поддржува здравјето на срцето“, вели Гарсија-Бенсон.

Таа, исто така, препорачува храна како слатки компири, авокадо, бобинки и банани, кои се богати со калиум, влакна и антиоксиданси.