На просторот помеѓу островите Јабука, Брусник и дел од заливот во областа Вис се случуваат чудни работи.
Имено, на тој простор компасот престанува да работи, а инструментите стануваат бескорисни, по што бродовите остануваат без ориентација.
Оваа област се нарекува Јадрански „ Бермудски триаголник “, а тука во минатото се случувале поморски несреќи и исчезнувања на бродови.
Постарите рибари оваа област ја нарекувале вулкански триаголник бидејќи компасите целосно „лудувале“ поради магнетните карпи.
Овде се пронајдени осум потонати бродови и еден авион.
За оваа т.н Јадранскиот „Бермудски триаголник“ бил познат уште во 18 век, кога италијанскиот патописец Алберто Фортис напишал дека навигацијата во таа област може да биде многу опасна.
Во овој триаголник најмистичен е островот Јабука, а за овој остров во Комижа уште од античко време се кажуваат легенди. Оваа област најдобро ја истражувала поранешната ЈНА, но резултатите од своите дејствија ги чувала во тајност.
Исто така, интересно е што пред нешто повеќе од 30 години, легендарниот истражувач Жак Кусто сакал да ја истражи областа Вис, како и областа околу злогласниот триаголник. Меѓутоа, тој никогаш не се занимавал со истражување бидејќи југословенската морнарица му го забранила тоа.