Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина излезе со соопштение во кое се наведува корекцијата поврзана со Извештајот на Европската комисија за напредокот на Босна и Херцеговина на патот кон ЕУ.
Имено, многу полемики во јавноста создаде формулацијата во која се наведува дека Европската комисија ќе препорача отворање на пристапните преговори кога Босна и Херцеговина ќе ги исполни условите.
„Сакаме јасно да нагласиме дека Европската комисија „препорачува“ отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина кога ќе се постигне потребното ниво на усогласеност“, изјавија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Нагласија и дека претходната формулација на реченицата се брише.
„Употребата на „ќе препорача“ во претходната верзија на извештајот за земјата, како и во соопштението на Комисијата беше грешка“, велат тие.
Она што е интересно, во публикацијата на Европската комисија која се однесува на извештајот за Босна и Херцеговина, се уште стои старата формулација која се однесува на препораката за отворање на преговорите.
We would like to make clear that the European Commission *recommends* the opening of accession negotiations with BiH once the necessary level of compliance is achieved.
— EU in Bosnia and Herzegovina (@eubih) November 9, 2023
The use of “will recommend” in an earlier version of the 🇧🇦 Country Report & a Commission tweet was an error.
„По поднесувањето на апликацијата за членство во ЕУ во февруари 2016 година, Босна и Херцеговина мора да исполни 14 клучни приоритети како што е наведено во Мислењето на Комисијата од мај 2018 година. Откако Комисијата оцени дека Босна и Херцеговина го постигнала потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство , Комисијата ќе препорача отворање на преговорите за пристапување во Европската унија“, изјавија тие.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на вчерашната прес-конференција истакна дека преговорите ќе бидат отворени кога ќе се исполнат условите за тоа, односно кога ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите на ЕУ.
„Европската комисија препорачува отворање на пристапните преговори на Босна и Херцеговина со Европската унија кога ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство. Комисијата ќе поднесе извештај до Советот на ЕУ до март 2024 година за напредокот“, рече таа.
Таа ги посочи причините за и против отворањето на преговорите со БиХ кои се наведени и во самиот извештај на ЕК.
„Во БиХ, ние признаваме дека има цела низа чекори што тие ги презедоа, како што се брзото формирање на Советот на министри, нивната посветеност на целта за пристапување во ЕУ, а тоа доведе до напредок во борбата против организиран криминал, перење пари и тероризам, но со загриженост забележуваме дека РС донесе голем број неуставни закони“, рече таа.