Коалицијата „Храбро за Македонија“ предупреди на тужба во Управниот суд, како што велат, украдени над 600 гласови на три избирачки места.
Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, предупреди на кривична пријава и за претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, а не е исклучена и кривичната пријава за ДИК.
Тој вели дека има украдени гласови во ИЕ 1, 2 и 5 кои отишле во коалицијата ВЛЕН и Европскиот фронт.
„Повеќе од 600 гласови ни беа одземени само од три избирачки места и префрлени на други политички партии. Ова покажува колку голема била кражбата на овие избори, но и дека ваквиот начин на крадење гласови од помалите партии кои немаат набљудувачи на избирачките места бил легален и во претходните изборни циклуси“, изјави Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ.