Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател во Собрание!

Претседателот на државата, неговата сила и функција мора да извира од граѓаните. Ако извира од партиите, тие и ќе му ја земаат силата, вели претседателскиот кандидат Стевчо  Јакимовски во вчерашното гостување во „360 степени“ на МРТ1.

– Децидно сум против бирање на претседател во Собрание, нагласи Јакимовски.

Според него ДУИ кога не знае што да каже се фаќа за руски влијанија.

– Балансерот нема врска со руски влијанија и тој е пробиен веќе одамна, бројот на Албанци во администрацијата е далеку над тој број утврден со Балнсерот и сметам дека не само Балансерот, туку и дека мора да прекинеме со партиски вработувања, вели Јакимовски кој додаде дека плитиката треба да ги тргне рацете од образованието, здравството и безбедносните структури.

ГРОМ