Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски, објави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на локалните избори и повторно ќе ја побара поддршката од жителите на Карпош.

Тој вели дека неговиот телефонски број е отворен за сите граѓани и дека по комуникацијата со нив, заклучил дека жителите на Карпош повторно би сакале да гласаат за него.

На денешната прес-конференција, Јакимовски најави дека ќе инсистира на законски решенија со кои јасно ќе се дефинира каде е одговорноста за хигиената во една општина.
Проектот „Карпош на вода“ зависи од тоа што вели Генералниот план. Се прави нов План за да се види дали такво нешто ќе биде дозволено, но не може да се движи напред без согласност на локалната самоуправа бидејќи нема да дозволиме Карпош да го има она што го има „Белград на вода“. Има и убави работи таму, но има густина на згради таму, ова не е дозволено и нема да го дозволиме“, додаде Јакимовски.