Тивко, речиси нечујно пројде смртта на машинистот кој го управувал багерот кој ја копал дупката за изградба на градежен објект на улица “Пиринска”, спроти Руската Амбасада. Нормално, се е поважно од смртта на еден човек, зацрнета една фамилија ако треба да се заташка соучество на некој симпатизер или член на ВМРО ДПМНЕ. Штом е нивни човек, смртта е споредна работа. Исто онака како што беше смртта на Мартин Нешковски, напиша на својот фесјбук статус градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски.