Јамал веќе го споредуваат со најголемиот на сите времиња: Еве каква статистика имаа Меси и Роналдо на 17 години

Чудото од дете на Барселона, Ламине Јамал, е сè уште тема на дискусија по синоќешниот спектакуларен натпревар помеѓу каталонскиот клуб и Интер (3:3), а најпознатите светски медиуми го споредуваат со Кристијано Роналдо и Лионел Меси на таа возраст.

Факт е дека тој е на повисоко ниво, а проценката е дека ќе стане најмладиот добитник на Златната топка, пред Бразилецот Роналдо, кој ја доби оваа награда на 20-годишна возраст.

Имено, на 17-годишна возраст, Кристијано Роналдо одигра 19 натпревари, постигна пет гола и имаше четири асистенции, додека Меси одигра девет натпревари и постигна еден гол на истата возраст.

Јамал е далеку пред двајцата најголеми играчи кои ја одбележаа оваа фудбалска ера, бидејќи веќе одигра 100 натпревари, постигна 22 гола и запиша 33 асистенции во своите 17 години.

Да потсетиме, синоќа во својот 100-ти натпревар за Каталонците, малолетникот Јамал постигна одличен гол и доминираше на теренот.

Тој го заврши натпреварот со две клучни додавања, 6/10 успешни дриблинзи, 8/14 добиени дуели и беше речиси нерешлива енигма за одбраната на Интер.

Софаскор му додели оценка од 8,5, што го прави најдобар играч за домашниот тим, а тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по натпреварот изјави дека не видел играч како Јамал осум или девет години.