Шпанскиот фудбалер Ламине Јамал го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2031 година, а договорот беше склучен во присуство на спортскиот директор на клубот, Дека, и претседателот Жоан Лапорт.
Според информациите од шпанските медиуми, Јамал ќе заработува 20 милиони евра по сезона со нешто помалку од 10 милиони евра бонуси за обновување секоја година.
Ова е драстично зголемување во споредба со 1,6 милиони евра што досега ги добиваше 17-годишникот.
Со овој договор, Јамал станува третиот најплатен играч во тимот зад Френки де Јонг (23 милиони евра) и Роберт Левандовски (25 милиони евра).
Договорот содржи откупна клаузула од една милијарда евра, што јасно покажува колку Барселона го цени својот млад ас.
Досега има постигнато 25 гола за Барселона, има 34 асистенции и има повеќе од 100 настапи за првиот тим на Каталонците, иако сè уште нема наполнето 18 години.
Патем, неговиот роденден е на 13 јули, и тогаш ќе стане возрасен.