„Мундо Депортиво“ откри дека младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, ќе патува на утрешната церемонија за доделување на „Златната топка“ во Париз со придружба од дури 20 луѓе, претежно членови на семејството и блиски пријатели.
Целото семејство на Јамал ќе пристигне во луксузна облека од Долче и Габана, а доколку ја освои Златната топка, Јамал планира и приватна забава во Париз.
Барселона ќе има една од најимпресивните делегации на престижниот настан, а Јамал одлучи да го сподели овој момент со своите најблиски пријатели, што јасно покажува колку големо значење му придава на номинацијата и на самиот настан.
Неговата голема придружба ќе биде посебен детаљ на церемонијата, бидејќи е реткост играч да предводи толку голема група луѓе.
Сепак, Јамал не е главен фаворит за освојување на „Златната топка“ и фудбалските експерти го претпочитаат Усман Дембеле од ПСЖ, кој минатата сезона ја освои тројната круна со Парижаните.