Јамал открива што јаде пред секој важен натпревар: Оброкот е секогаш потполно ист

Ламине Јамал сè уште не е ни возрасен, а веќе израсна во еден од најдобрите фудбалери во светот благодарение на неговите фантастични настапи за Барселона и шпанската репрезентација.

Поради ова, во јавноста се појавуваат сè повеќе информации од приватниот живот на Јамал, а „Марка“ денес ја објави содржината на омилениот оброк на Јамал, кој тој го консумира пред апсолутно секој важен натпревар.

Според еден угледен шпански весник, омиленото јадење на Јамал е пилешко со ориз и сос од кикирики, кое неговата мајка, Шила Ебана од Екваторска Гвинеја, му го подготвува според гвинејски рецепт.

Шпанците објаснуваат дека таков оброк му дава сила на Јамал и помага во одржувањето на мускулната маса, поради главната состојка на оброкот – кикириките, од кои се прави сосот.

„Оваа мешунка обично е вклучена во јаткастите плодови, меѓу другото, бидејќи се однесува послично на нив нутритивно. Богата е со здрави масти, растителни протеини, влакна, витамини од групата Б (како што се ниацин и фолна киселина), минерали како што се магнезиум, фосфор и калиум, а исто така и антиоксиданси. Сето ова ја прави многу комплетна и задоволувачка храна“, објаснува нутриционистката Меј Морон,

Сто грама сурови кикирики содржат од 25 до 28 грама протеини, 567 килокалории, 49 грама масти, 16 грама јаглехидрати и 8 до 10 грама влакна. Исто така, тука се и гореспоменатите витамини, минерали и антиоксиданси.

Постојат многу верзии на кикирики и не сите се подеднакво здрави. Во оваа смисла, важно е да се избере најдобрата за да се искористат сите придобивки од оваа храна. Како што истакнува Морон, најдобрите се препечуваат без сол и, доколку е можно, со кората, бидејќи токму кората содржи антиоксиданси и влакна.

Потсетуваме дека Јамал беше елиминиран од Лигата на шампионите со Барселона оваа недела, откако Интер беше подобар од Каталонците во полуфиналето на натпреварувањето по епскиот дуел на стадионот „Џузепе Меаца“.