Министерката за образование Весна Јаневска најави дека за време на овој мандат ќе бидат завршени сите градежни работи поврзани со новата зграда што моментално се гради на Факултетот за информатика. Предметните факултети, вклучително и Факултетот за физичка култура, се градат од 2015 година како дел од проектот „Скопје 2014“, но до денес немаат конечна завршница.
Изградбата беше стопирана во 2019 година и оттогаш, иако буџетските средства беа издвоени специјално за финалната градба, на терен не е забележана градежна активност. Студентите на ФИНКИ со години студираат на недоволен простор, па постојано се селат во соседните кампуси.
„Постапката е во тек. Она што можам со сигурност да го кажам е дека зградата на ФИНКИ ќе се гради во овој мандат“, изјави Весна Јаневска, министер за образование.