Јаневска: Го поддржувам студентскиот протест за јавниот превоз

Според анализите на Министерството за образование и наука, во електронскиот дневник нема голема разлика во неоправдано отсуство во овој период во однос на минатата година, рече министерката Весна Јаневска.

Таа апелираше до градските власти итно да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје.

„Мислам дека родителите и децата прават сè што можат да се организираат, но и наставниците разбираат што се случува.

Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да се ускрати правото на студентите да добијат соодветно образование кое е право загарантирано со Уставот.

Искрено се надевам дека ќе се изнајде решение бидејќи е неприфатливо да се спречат сите напори што ги правиме за квалитет на образованието поради неорганизираноста на градските власти.

Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат ситуацијата и ќе најдат итно решение“, додаде Јаневска.