Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека целта на иницијативата за интонирање на химната не била поттикнување меѓуетнички тензии, туку ДУИ, според неа, ја искористила таа точка од законот за средно образование за да предизвика проблеми.
„За жал, ДУИ го искористи ова на најадекватен начин за воведување на политички и етнички прашања во законот за образование. Нема да дозволам тоа да се случи бидејќи законот е повлечен. Ќе разговараме уште малку на оваа тема, но доколку не најдеме заеднички јазик, важно е да се донесат суштински реформи во средното образование и доколку треба законот ќе се врати без таа одредба“, рече министерката Јаневска.
Таа рече дека „доколку не се најде заеднички јазик, повлечениот Закон за средно образование ќе се врати и без одредбата за интонирање на државната химна во училиштата“, рече министерката за образование, Весна Јаневска.
Според неа, приоритет треба да бидат суштинските реформи во образованието кои ќе произлезат од другите одредби, оставајќи простор за дискусија на оваа тема.
Таа најави дека на крајот на месецот ќе биде објавен огласот за сите книги за наредната учебна година.