Јаневска: Закани за бомби беа испратени во приватни, неофицијални мејлови

По лажни закани со бомби во училиштата, Министерството за образование и наука формираше меѓусекторска група за поефикасно справување со ситуацијата и преземање мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти.

Министерката Весна Јаневска објасни дека се извршени проверки во сите училишта и потоа учениците се вратиле на настава. Жално е што некои си играат со деца и ја вознемируваат јавноста.

„Ги повикуваме наставниците и другите вработени во училиштата да ги користат официјалните имејл адреси креирани од Министерството за образование за комуникација. Свои обврски имаат и општините под чија надлежност се училиштата. Препорачуваме ангажирање физичко обезбедување и инсталирање видео надзор секогаш кога е можно. Безбедноста на децата е на прво место“, рече Јаневска на прес-конференција.