Јаневска: За една година во образовниот систем се спроведени проекти вредни 67 милиони евра

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од саемот „4 години работа за вас“, рече дека владата, заедно со Министерството за образование, ги поставиле темелите за градење силен национален систем.

Јаневска рече дека за само една година се реализирани проекти во вредност од 67 милиони евра.

„За само една година откако оваа Влада стапи на должност, започнавме и спроведуваме проекти во вредност од 67 милиони евра. Значи, во првата година, само со средства од Министерството за образование и наука, опфативме проекти во вредност од 32 милиони евра. Изградени се 7 нови училишта, реконструирани се уште 20 училишта и се градат 4 спортски сали. Изградивме 7 згради, де факто 7 нови училишта, но во рамките на постојните училишта. Во истиот период, реконструиравме уште 20 училишта и започнавме и градиме 4 спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Уште еден доказ дека оваа Влада не дискриминира во однос на локалното управување, туку се грижи само за граѓаните“, нагласи министерката Јаневска.