Јаневска: Наставниците од април ќе имаат зголемување на платите за 7 отсто

Зголемувањето на платите од седум отсто во образованието ќе се случи во април и ќе важи за сите вработени во основните и средните училишта, освен за наставниот кадар, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

„За жал, на социјалните мрежи се појавија многу шпекулации дека нешто не е во ред со зголемувањето на платите.

Тоа не е точно, одговорно констатирам дека и оваа година, како и минатите години, наставниците во април ќе земаат 7 отсто поголема плата“, рече министерката Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање пред третиот Економски форум на жени во Скопје.

Таа додаде дека зголемувањето ќе важи и за сите останати вработени во училиштата и во основното и во средното образование.