Јаневска: Средношколците од септември ќе учат по нови наставни планови и од нови учебници

Јавната расправа за концептот на средно образование сè уште трае. Затворен е само оној кој се спроведуваше преку информатичка технологија и се планираат дополнителни посети и средби.

Според министерката Венса Јаневска, има неколку интересни предлози, кои главно се однесуваат на зголемување на бројот на часови по секој предмет и додавање дополнителни предмети.

„Кога Бирото за образование го креираше училишниот распоред, според барањата на стручната заедница, здруженијата и наставниците, произлезе дека учениците, секоја година, од прво до четврто одделение, мора да бидат на училиште најмалку од 10 до 11 часа. Ова не е возможно и жалам што нема да можеме да го постигнеме како што индивидуално замислуваме. Сето ова ќе треба да се анализира и комбинира.

Да, нашите деца треба подолго да одат на училиште, ова Bладата го предлага како проект, но тие не можат да бидат на училиште 11 часа на ден. Треба да имаат такви активности, да имаат театарска претстава, хор, уметност и музика преку кои се учи многу“, рече министерката за образование Весна Јаневска на денешната посета на Титан-Усје, каде беше промовирана новата лабораторија за студенти.

Јаневска најави дека МОН продолжува да работи на ова прашање и дека средношколците од септември ќе имаат нови програми, но и нови учебници за гимназијата, но Концептот ќе има рок од една година да се доработи и да биде усогласен со програмите на Европската Унија за нашите средношколци кои ќе го продолжат своето образование овде, а некои од нив и во странство, да се подготват на соодветно ниво за понатамошно образование