Професорот Хаџи Јанев вели дека во Северна Македонија е потребно враќање на задолжителниот воен рок.
Тој во „КликПлус“ рече дека сè повеќе земји од регионот носат одлуки за повторно воведување на воениот рок.
Јанев вели дека мора да се врати и дека тоа не е само безбедносна димензија туку и социјална.
„Како земја членка на НАТО, ние сме должни да имаме активна резерва. Таа активна резерва сега не постои или постои само на хартија. Тоа значи дека за да се создаде таа активна резерва, учејќи од она што се случува во Украина, во моментов имаш празнина од 18-19 години, што значи дека никој не служел воен рок. И сега прашањето е кого ќе регрутирате? Како ќе го регрутирате?“, вели Хаџи Јанев.