Денес присуствував на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE Parliamentary Assembly) кој се одржа во Собранието на Република Македонија, во рамките на 30-от Министерски совет.
Како шеф на делегацијата во ПС на ОБСЕ, со особена чест и задоволство ги пречекав Претседателката и Генералниот секретар на ОБСЕ, г-ѓа Пиа Каума и г-дин Роберто Монтела, како и колегите пратеници од Австрија, Кипар, Велика Британија, Шпанија, Украина, Германија, Шведска, Романија, Азербејџан, Чешка и Ерменија.
На работниот состанок разговаравме за тековните и идни активности на ПС на ОБСЕ, а оваа прилика ја искористив да ги информирам колегите за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за претстојните избори и идното делување на ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта во Република Македонија.