Јанша, Вучиќ, Пленковиќ, Орбан, Гир: Стигнуваат честитките за победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова

Лидерите од регионот, но и од цела Европа не ги штедат пофалбите и честитките кон убедлиот победник на вчерашните избори, ВМРО-ДПМНЕ. Честитки стигнуваат и до кандидатката Гордана Силјановска Давкова убедливо победи.

Прв честиташе Вучиќ
Ѝ честитам на Гордана Силјановска Давкова за победата на изборите за претседател и упатувам желба успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските помеѓу и со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион, напиша Вучиќ на Твитер.

Прочитајте повеќе.

Александар Вучиќ ѝ честиташе победа на Гордана Силјановска Давкова

Многу ми значат Вашите искрените честитки, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на унапредување на извонредните македонско-српски односи, му возврати Гордана Силјановска Давкова на Вучиќ.

– Честитки до ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ!, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

Честиташе Орбан
Премирот на Унгарија, Виктор Орбан меѓу првите им честиташе на Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова за историската победа на двојните избори во Македонија.

– Честитки до ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ!, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

Гордана Силјановска Давкова реплицираше.

Почитуван г. премиер Орбан. Ви благодарам за убавата честитка. Очекувам да продолжиме да ги градиме одличните македонско – унгарски  односи, како и на заокружувањето на европската интеграција  на целиот регион, напишаа таа.

Јанез Јанша честиташе
Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша преку социјалните мрежи испрати честитка за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.

-Честитки до нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова за големата победа, објави Јанша на Х.

Честитки за победата на двојните избори испратија голем број политичари од регионот и Европа.

Честиташе и Андреј Пленковиќ
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на социјалната мрежа „Х“ им ја честиташе победата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и новоизбраниот шеф на државата Гордана Силјановска Давкова.

-Честитки до Христијан Мицкоски на убедливата изборна победа за ВМРО-ДПМНЕ. Се радувам за продолжението на одличната соработка меѓу Хрватска и Северна Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, објави Пленковиќ на Х.

Дејвид Гир со честитки
Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.

„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша Гир.

Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потврдена вечерва. Партијата ќе освои 58 мандати. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата.