Јапонија доби зелено светло за испуштање на радиоактивна отпадна вода од Фукушима во Тихиот Океан. Меѓународната агенција за атомска енергија тврди дека јапонскиот план е безбеден и во согласност со меѓународните стандарди.
Кинеската влада и јужнокорејските риболовни групи се меѓу оние кои протестираат против планот, кој Јапонија рече дека сака да го спроведе ова лето.
Океанот е општо добро на човештвото, а не јапонска приватна канализација“, велат од кинеското Министерство за надворешни работи.