Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска имаше среда со јапонска делегација составена од владини претставници и претставници од компанијата „Маезава“ што се занимава со производство и изведба на прочистителни станици за отпадни води.
Пецаков на средбата со гостите од Јапонија разговарал за „Biwa Lake“ моделот што претставува симбиоза помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.
Притоа тој ги запознал гостите за постојниот систем за заштита на Охридското Езеро и неопходноста од негово подобрување, како и за активностите што Општина Охрид ги презема во насока на решавање на проблемите со отпадните води.
„На средбата го посочив изработениот основен проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во селото Трпејца кој е завршен и сме во фаза на обезбедување финасиски средства за негова реализација“, вели тој.
Проектот предвидува изградба на комплетно автоматизирана пречистителна станица со два режими на работа – летен и зимски со максимален капацитет од 124 метри кубни во летниот и 45 метри кубни во зимскиот период и инсталација со најсовремена технологија за прочитување.
Како што се посочува во соопштението од Општина Охрид, Пецаков уште ги запознал гостите со работата на државното јавно претпријатие “Колекторски систем“ што ја превзеде обврската за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем за отпадните води од Охридскиот регион.