Јапонскиот премиер ќе го посети Киев за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Фумио Кишида денеска е виден како се качува во воз на полската граница во пренос на NHK, пишува Sky News, Телеграфи.
Тој ќе изрази поддршка за Украина и ќе покаже „својата почит кон храброста и истрајноста на украинскиот народ кој застанува да ја брани својата татковина“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Ненадејната посета на премиерот може да се смета како дипломатска офанзива против неговиот ривал, кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вчера пристигна во Москва.
Неговата посета следи по средбите со индискиот премиер Нарендра Моди.
Кишида ќе разговара и со својот полски колега пред да се врати во Јапонија во четврток.
Јапонија е членка на Групата седум земји и треба да биде домаќин на самитот на Г7 во мај.