Јапонското јаболко е нутритивно многу вредно овошје кое содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо.
Тие се особено корисни во есен и зима затоа што ги подобруваат имунитетот и нервниот систем и му помагаат на организмот да се заштити од разни инфекции, сметаат нутриционистите.
Јапонското јаболко можете да го јадете колку што сакате, но обидете се тоа да не е повеќе од две до три овошки во текот на денот, за да спречите дијареја и стомачни тегоби.
Ова овошје е многу корисно за лица со анемија или кардиоваскуларни заболувања. Јапонското јаболко содржи сосема мала количина на овошна киселина и не им пречи на луѓето со гастроинтестинални проблеми.
Сепак, има такви за кои ова овошје може да биде опасно. Лекарите предупредуваат дека треба да го избегнуваат лица со проблеми со панкреасот или камења во бубрезите.
Дијабетичарите пак, смеат да го јадат во количина од најмногу еден плод дневно, бидејќи содржи доста шеќери.
Меѓутоа, ако сте здрави, можете безбедно да јадете три јаболка на ден.