– Ирачката Влада денес го осуди американското гаѓање на нејзините воени локации, означувајќи го како „јасен непријателски чин“.
Во соопштението, Канцеларијата за медиуми на ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани рече дека американскиот чин „се коси со стремежот за траен заеднички интерес за воспоставување безбедност и стабилност“ и го отфрли американското оправдување за нападот како одговор на ирачките напади врз американските бази.
Се истакнува дека американските напади резултирале со убиство на еден воен припадник, а повредени се 18 други, вклучително и цивили.
Доцна синоќа американското Министерство за одбрана соопшти дека американските воени сили „спровеле неопходни и пропорционални напади врз три објекти што ги користат Катаиб Хезболах и придружните групи во Ирак“.
Се додава дека овие напади се „одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на милициите спонзорирани од Иран“.