Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху присуствуваше на вонредна седница на Советот за национална безбедност и објави три цели на израелската армија во борбата против Хамас.
Како што најави претходно, Нетанјаху на оваа седница повтори дека Израел е во воена состојба и дека поради ова израелската армија има три цели.
„Нашата прва цел е да ги исчистиме непријателските сили кои се инфилтрираа на нашата територија и да ја вратиме безбедноста на заедниците кои беа нападнати. Втората цел е истовремено да го натераме непријателот да плати огромна цена внатре во Појасот Газа. Третата цел е зајакнување други делови за никој случајно да не се вклучи во оваа војна“, рече Нетанјаху.
Нетанјаху имаше и порака до граѓаните на Израел.
„Ние сме во војна. Во војна треба да се биде умерен. Ги повикувам сите граѓани на Израел да се обединат за да ја постигнеме нашата најголема цел – победа во војната“, заклучи Нетанјаху.