Никола Јокиќ е еден од најдобрите кошаркари во светот, а иако делува мрзливо и незаинтересирано на теренот, тој е и еден од најопуштените и најдуховитите луѓе во светот на кошарката.
Деандре Џордан е соиграч на Никола во Денвер Нагетс, со текот на времето станаа големи пријатели, а искусниот центар сподели неколку анегдоти од гостувањето со најдобриот кошаркар на планетата во подкастот на Пол Џорџ.
– А, имам ракија дома. Со мала круша внатре… јас сум црн Србин. Никола ми помогна да го подобрам моето знаење за српската народна музика. Ме запозна со Цеца и ми кажа кои песни се добри и кои да ги симнам, а јас не сакав да ги слушам тие ср*ња. Сепак, тој ја пее и мене ми се допаѓа, а јас испив пиво и текила па почнав да танцувам на таа музика – изјави Џордан и предизвика смеа во студиото.
Нема дилема дека Никола сите соиграчи ги учи на српската традиција, а атмосферата во тимот е одлична.