Асмир Јахоски ќе остане во притвор откако Кривичниот совет, секторот за гонење организиран криминал и корупција при Кривичниот суд во Скопје, го одби како неосновано барањето за замена на мерката притвор со кауција.
Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, „судот по ценење на сите околности во врска со истрагата, а покрај тоа што на јавниот обвинител му даде позитивно мислење, смета дека во овој момент сè уште постојат околности за постоење на конкретната мерка притвор од точка 2 од член 165, став 1 од Законот за кривичната постапка, а тоа се околностите што можат да ги попречат околностите кои велат дека може да ги попречи сведоците дека во истрагата може да ги попречи и уништуваат траги од кривичното дело, поради тоа што истражната постапка сè уште е во тек и сè уште се преземаат други истражни активности за прибирање докази“, се наведува меѓу другото во соопштението.
Од СГОК соопштуваат дека притворот на Јахоски е продолжен до 08.04.2025 година, токму од причините предвидени во Законот за кривична постапка.
На ова решение Јахоски има право на жалба во рок од 3 дена.