Македонија тагува, Македонија е обвиена во црно. Вања Ѓорчевска е убиена на најбрутален начин!
Вања Ѓорчевска (14 г.) била киднапирана во влезот на зградата во која живеела во Скопје.
Осомничените сведолече дека ја чекале откако добиле информација од организаторот Љупчо Палески – Палчо, кој се уште е во бегство.
Љупчо Палески информациите ги добил од таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. На една од најтажните прес-конференции во историјата на државата, беше откриено дека девојчето го врзале надвор и го ставиле во вреќа за спиење во гепек на возило. Таа е убиена надвор од Скопје односно во околината на Скопска Црна Гора. Осомничените раскажале и како го ископале гробот на 14-годишното девојче.
„Констатирано е дека две лица кои биле со автомоилот ‘Citroen‘, а откако претходната вечер добиле информација дека девојката ќе биде сама, ја однеле од влезот на зградата, и ги врзале рацете и нозете, ја ставиле во вреќа за спиење, ја зеле надвор и ја ставиле во гепекот. Истата била однесена на локација надвор од Скопје, а потоа возилото било опожарено“, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Убиството е извршено во село Бразда. Според истрагата, изјавите покажале дека работите излегле од контрола бидејќи Вања Ѓорчевска ја барале насекаде, па осомничените решиле да ја убијат.
„Ги знаеме мотивите, од изјавите на осомничените. Однапред, кога се договориле, мотивите биле пари – да земат пари од мајката на детето. Постапката за изнуда не била започната“,порача скопскиот обвинител Гаврил Бубевски.
За таткото-монструм ќе се бара притвор.
„Колку што знам, неговата претходна изјава во полиција, не знам дали ќе се промени, таткото се уште ги негира овие постапки. Неговата инволвираност, која ја сметаме за индиректна, е извлечена од контекстот на другите инволвирани во случајот, едно лице вели дека сето тоа го знаел од контактот со таткото. Ќе се бара негов притвор, имаме основи на сомнение“, изјави обвинителот Гаврил Бубевски.
Цело време Александар, таткото на Вања Ѓорчевска, бил во полиција. Тој до вчера се изјасни за невин и негираше каква било поврзаност со случајот.