Ја донесе “тројната круна“ на Манчестер Сити, а потоа му се отворија очите: “Не знам како живеев таму толку долго…“

Како капитен минатата сезона го предводеше Манчестер Сити до тројната круна, а потоа летото како слободен играч се пресели во Барселона и беше воодушевен. Илкај Гундоган освои 14 трофеи во текот на неговите седум сезони на „Етихад“, вклучувајќи пет титули во Премиер лигата. Тој беше првото засилување за Пеп Гвардиола во редовите на „Граѓаните“, но летово реши да побара нов предизвик и да потпише за каталонскиот гигант.

Шпанскиот весник Sport сега пишува дека животот на Илкај Гундоган во Барселона му дал нова перспектива за периодот кој го мина во Манчестер Сити. Тие се повикуваат на изјавата на анонимен роднина на Илкај Гундоган кој вели дека секогаш ќе му биде благодарен на својот поранешен клуб, но дека новиот начин на живот му ги отворил очите и дека се прашува како успеал да помине толку долго во Манчестер Сити.

Сопругата на Илкај Гундоган, Сара Арфауи, не беше љубителка на животот во Англија и претходно ги налути обожавателите на „Граѓаните“ со коментар за тамошната храна.

Жал ми е што морам да бидам искрена, но се обидов да најдам добар ресторан и безуспешно. Храната е ужасна насекаде. Не можам да најдам добар италијански ресторан или добар ресторан за суши или свежа храна. Сè е замрзнато. Рестораните овде се фокусирани на заработка преку продажба на пијалоци, а квалитетна храна не можете да добиете во ноќните клубови. Можеби во Лондон, но ништо во Манчестер. Жал ми е“, напиша Сара Арфауи на социјалната мрежа Инстаграм.

БарселонаживотИлкај ГундоганМанчестер Ситифудбал