Младата Марија Тасева, која го преживеа страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, кој однесе 59 животи, се прости од својата сестра Лепа, која загина во трагедијата.
Марија се прости од својата постара сестра со емотивен пост полн со болни зборови и тага.
“Не мораше да биде вака сестро, сега ти почнаа најубавите години. Се вратив во дискотека да те најдам, но не ме пуштија, не можев да те спасам. Да ми дозволија, можеби ќе можев да те спасам или ќе изгоревме заедно, но важно е што бевме заедно”, напиша Марија.
„Жал ми е што не можев да влезам, многу ми е жал. Ти ми рече дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме заштитиш, дека ќе бидеш покрај мене. Но, неочекувано нè остави на оваа 19-годишна возраст секогаш ќе бидеш во моето срце, сестро, засекогаш ќе те сакам… Остани горе со мама, ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ“, напиша Марија на социјалните мрежи.
Семејството пред две години доживеа уште една трагедија, кога почина мајката на двете девојчиња.
По пожарот во дискотеката Пулс, Марија била повредена при евакуацијата откако паднала во стампедото што настанало, а други лица кои панично се обидувале да побегнат ја прегазиле.
За потсетување, пожарот избувна ноќта помеѓу 16 и 17 март. Кобната вечер во дискотеката настапуваше бендот ДНК, а дел од неговите членови беа убиени а дел од повредените се пренесени во болница.
Повеќето од жртвите беа погребани во четвртокот на гробиштата во Кочани, Скопје и Штип. Најмладата жртва имала само 16 години. Повредени се повеќе од 150 лица, од кои голем дел се пренесени на лекување во странство. Повеќе од 25 пациенти биле префрлени во Србија. Жртвите биле пренесени и во Грција, Турција, Бугарија, Хрватска…