Британката Кортни Џонс (21) како тинејџерка имала многу чувствителна кожа и неверојатни проблеми со акните. Понекогаш и пречеше толку многу што не сакаше да излезе од дома бидејќи не можеше да го поднесе исмејувањето, пренесува Daily Mail.
Таа проба многу производи за чистење на кожата, но ништо не функционираше додека некој не го препорача Accutane. По неколку години проблеми со кожата, за кои редовно известуваше преку социјалната мрежа TikTok, таа стана истакната инфлуенсерка, која ги советува своите следбеници за нега на кожата и препорачува козметички производи.
„На крајот на денот, мора да се погрижите правилно да ја отстраните шминката од лицето, бидејќи ако не сте ја исчистиле добро кожата, може да имате нови акни. „Не се шминкам секој ден, но ќе продолжам да го правам тоа бидејќи ги најдов вистинските производи за мене кои нема да ми наштетат“, изјави Џонс.
Изразувањето болни и интимни моменти на Интернет и донесе армија следбеници кои често во коментарите пишуваат дека и се восхитуваат затоа што без двоумење ја изразува својата интимност. Еден обожавател ѝ рекол дека „блеска“; во коментарите под видеото на кое се гледа нејзината трансформација на кожата во текот на изминатата година.
„Прекрасно е да се види како вашата самодоверба расте со текот на годините“, напиша друга личност. “Убава си со и без акни, изгледаш неверојатно, го следев твоето патување од самиот почеток. Во твоите очи можам да видам среќа и самодоверба“, стои во друг коментар.