Необична приказна се случила во унгарскиот град Балатонфајред, во утринските часови на 26 декември.
На паркинг полициска патрола забележала автомобил кој несигурно се движел, па решиле да го истражат случајот. Тие доживеале вистинско изненадување.
Се упатиле кон нив, а ненадејното сопирање ги спасило од судир, пренесува Blikk.
На нивно чудење, зад воланот нашле 13-годишно момче, додека на совозачкото седиште седел неговиот дедо (70).
Човекот објаснил дека сака да му ја исполни новогодишната желба на внукот и да го пушти да го вози автомобилот, што го чинело казна за возење без дозвола.
На крајот сигурно сфатил дека ќе му било многу поевтино да му купел играчка.