Маж во неделата полил жена со неидентификувана запалива течност во трамвај во германскиот град Гера, а потоа ја запалил, соопшти полицијата.
Жената била пренесена во болница со повреди опасни по живот, а напаѓачот го искористил моментот и избегал.
Полицијата соопшти дека никој освен жената не бил повреден во инцидентот. Кога жената почнала да гори, патниците го притиснале безбедносното копче и почнале да излегуваат.
Токму тој момент напаѓачот го искористи за да избега.
Возачот успеал да го запре трамвајот и да употреби противпожарен апарат за да го изгаси пожарот на жената.
Полицијата соопшти дека трага по 46-годишниот поранешен сопруг на жртвата. Тие побараа секој што ќе го види веднаш да ја извести полицијата.
Не можат да ја исклучат можноста тој да претставува опасност за јавноста.