Ја купила најгрдата куќа и ја претворила во дом од соништата на кој многумина би и позавиделе.
Неодамна пишувавме за тинејџер кој сам изградил неверојатна кабина, на која многумина и позавидуваат. Дека животот во необични услови е навистина возможен покажала самохрана мајка која живее со својата мала ќерка.
Тиктокер по име Луиз гордо го покажа своето реновирање на „најлошата куќа на улица“ до нејзиниот „дом од соништата“ и инспирираше многу луѓе.
Таа ја води страницата Renovating a House to a Home, каде што ја покажува својата трансформација на стара куќа изградена во 1930-тите. Целосно ја срушија зградата од тули и ја претворија во минималистички, модерен дом, пишува Zadovoljna.
Ја променија фасадата и покривот, поставија подно греење во куќата, а избраа неутрални бои за мебел и светла кујна. Посебно се истакнува прозорецот на таванот, кој на целиот простор му даде многу луксузен изглед.
Бањата е направена на многу модерен начин, а целата работа е во мермер, додека интересното осветлување сè подигна на повисоко ниво.
Луиз призна дека тоа било многу работа, бидејќи реновирањето траело 13 месеци, што значи дека тие не се вселиле во куќата две години откако ја купиле.
Но, вложувањето и трпението се исплатеа, па семејството на Луиз сега живее во феноменалната куќа која отсекогаш ја посакувале.