Момчето кое беше рането во средата, на 3 мај, кога во ОУ „Владислав Рибникар“ пукаше во него малолетно лице, се здобило со тешки повреди во пределот на градниот кош, вратот и кичмата, но како што неофицијално дознаваме неговата состојба е многу подобра.
Состојбата на момчето од ,,Рибникар” е многу подобра отколку кога беше хоспитализирано. Тој е свесен, ги движи главата и рацете и нормално комуницира со лекарите и медицинскиот персонал. Се опоравува, но сè уште не ги чувствува долните екстремитети – вели извор од Универзитетскиот клинички центар на Србија.
Да потсетиме, ученик од седмо одделение (13) уби девет деца и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар. Во овој грозоморен напад тој тешко рани неколку негови врсници, како и наставник по историја и еден чувар.