Сопственикот на Volkswagen Beetle до вулканизерот пристигнал на гуми произведени во поранешната држава
Кога е време да ги замените старите гуми? Ако го прашате сопственикот на Фолксваген Буба од Србија, одговорот е – на секои 40 години!
На Инстаграм се појави необично видео на кое се гледа како стара VW Буба и ги менуваат гумите. Но, не се работи за обични гуми, туку пишува „ Made in Yugoslavia“.
Дополнително внимание привлече описот на видеото, во кое се наведува дека добро сочувана VW Буба во возна состојба пристигнала за промена на гума после 40 години.
Коментарите под видеото следуваа еден по друг.
Еден напишал: „Зошто сепак ги менува? Можеа да издржат уште најмалку 40 години“, друг додава: „Никогаш не е доцна да се заменат гумите“, додека третиот заклучил: „Квалитет“!
Секако се огласија и оние кои се сомневаат во целата приказна и мислат дека се е наместено.