Сара Лист тврди дека нејзината осумгодишна ќерка била на работ на смртта откако била подложена на тонзилектомија во детската болница МекМастер во Онтарио, Канада.
Девојчето беше подложено на редовна операција и само неколку часа подоцна беше отпуштено од болница, изгледајќи здраво. Меѓутоа, следното утро почнала да повраќа крв, што ја натерало нејзината мајка итно да ја врати во болница. Таму девојчето помина речиси три недели на лекување, вклучувајќи три дополнителни операции и четири ноќи на интензивна нега.
– Имаше инфекција во крвта и не разбрав целосно додека подоцна дознав дека се работи за сепса. Таа беше толку летаргична и толку поспана, изјави нејзината мајка за CTV News.
Девојчето добило осип на вратот, а лекарите чекале да видат дали ќе се прошири. Кога го направила тоа, била испратена на КТ скен и потоа итна операција за одводнување на апсцесот. Апсцес е шуплина исполнета со гној што се формира во ткиво или орган. Дренажата на апсцесот е хируршка процедура што се користи за отстранување на гној или течност што се акумулирала во апсцесот. Сепак, компликациите не застанаа тука. Откако и’ ги извадиле цевките за дишење и’ било дозволено да јаде цврста храна по операцијата, на вратот и’ била откриена дупка од пет сантиметри, поради што била потребна уште една операција.
Во меѓувреме болницата ги паузираше сите закажани операции на крајниците додека не заврши истрагата за смртта на двете деца. Едното дете починало еден ден по операцијата, додека другото починало девет дена подоцна. Причините за смртта сè уште не се објавени.
Сара Лист сака случајот на нејзината ќерка да биде вклучен во истрагата, изразувајќи загриженост за безбедноста на другите пациенти.
– Сакам случајот на ќерка ми да биде дел од истрагата за смртта на две деца во болница во мај и почетокот на јуни – јасна била мајката на Сара.