Пејачката и актерка Аријана Гранде е во врска со оженет маж, а поради него го напуштила сегашниот сопруг.
Во последните неколку дена многу се пишуваше за 30-годишната пејачка Аријана Гранде.
Имено, се зборува дека нејзиниот двегодишен брак со агентот за недвижности Далтон Гомез завршил, а сè појасно е дека причината за тоа е новата љубов.
Се чини дека уште пред разводот Аријана влегла во нова романса со друг оженет маж, 31-годишниот актер Итан Слејтер, кого го запознала на снимањето на филмот „Wicked“.
Тоа беше очигледно на снимањето од првиот ден… Тие беа многу блиски, нежно се гледаа и често се смееја заедно“, изјавил извор за странските медиуми.
А откако во јавноста протече вестта за нова љубов на холивудското небо, пристигна уште една вест – Итан поднесе барање за развод од сопругата Лили Џ. Тие двајца се запознале во средно училиште, се венчале во 2018 година, а минатата година добиле син.
Наводно, Итан и Аријана почнале да се гледаат пред неколку месеци, а сето тоа тешко ѝ паднало на неговата поранешна сопруга. Како што пишуваат странските медиуми, таа се чувствува многу лошо.
Така таа накратко изјави за светските медиуми:
,,Аријана е навистина приказната овде. Таа не е пријателка на жени. Моето семејство е колатерална жртва”, изјави Лили за Page Six.
Сепак, изворите велат дека таа е таа што ги повикува сите медиуми за оваа приказна да излезе што повеќе во јавноста.
„Секако дека е вознемирена бидејќи животот и’ се распадна, но Аријана и Итан не направија ништо лошо“, рекол неидентификуван извор, додавајќи дека Џеј и Слејтер биле разделени два месеци пред тој да почне да се гледа со пејачката.
Се разбира, оваа приказна нема да помине без ,,истурање валкани алишта”, но ќе видиме што ќе се случи понатаму…