„Итри“ крадци: Упаднале во куќи и повикале полиција да им помогне со украдени работи да стигнат до аеродромот.
На почетокот на месецов под неверојатни околности беа уапсени двајца крадци од Флорида.
Имено, маж и жена дошле на идеја да повикаат полиција од куќата во која упаднале и да побараат од нив да им помогнат во транспортот на работите.
Полицајците од Поинсијана, 55 километри од Орландо, се одзвале на повикот и отишле во домот од кој биле повикани, но никој од домот не реагирал, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Полк.
Потоа влегле од незаклучената врата, констатирале дека внатре не живее никој, за потоа таму да се најде девојка и нејзиното момче за кое се сомневале дека е криминалец. Полицијата всушност го барала откако истиот ден од безбедносните камери бил идентификуван како провалник.
При разговорот со полицајците, девојката открила дека таа се јавила на 911 за да дојде полиција и да и помогне на неа и на нејзиното момче да ги извлечат своите работи од куќата во која упаднале, а сакале да се возат до аеродромот за да можат да го поминат викендот во Њујорк, соопшти канцеларијата на шерифот.
„И полицијата им помогна со нивните работи и ги транспортираше – но не до аеродромот, туку до Полк Поки (локален затвор)“, се вели на Фејсбук страницата на шерифот на округот Полк, истакнувајќи: „И тие се добредојдени да останете таму цел викенд. На крајот на краиштата, во Полк Поки е многу подобро отколку во Њујорк“.
Како што е соопштено, мажот е обвинет за кражба и кражба во продавница, како и за кражба од станбена просторија, додека жената е обвинета само за кражба од станбена просторија.